Јувентус е добредојден да се приклучи на Европската клупска асоцијација (ЕКА), откако италијанскиот гигант сигнализираше дека ќе се повлечат од проектот за Суперлигата, изјави шефот на организацијата Насер Ал-Келаифи.
ЕКА претставува повеќе од 440 клубови од цела Европа, но во организацијата доминираат големите тимови, меѓу кои и 9 од 12-те иницијатори на таканаречената Европска Суперлига.
Јувентус, како и Реал Мадрид и Барселона, никогаш не се вратија во редовите на асоцијацијата, која тесно соработува со УЕФА. Трите клуба беа исклучени во 2021 година, а сега во јули Јуве објави дека почнале процедура за повлекување од проектот.
„Ако престанат со она за што се обидуваат да се борат, што мислам дека е глупав проект, тие се секогаш добредојдени“, изјави Ал-Келаифи за новинарите по состанокот на одборот на ЕКА во Копенхаген.
„Разговарав со сопственикот и, знаете, тој ми се јави и мислам дека сакаат да се вратат. Дефинитивно се добредојдени назад“.
Запрашан кога тоа може да се случи, тој одговори: „Тоа е нов процес, ги прифаќаме како нов член“.
Ал Келаифи, кој е и претседател на Пари Сен Жермен, ја презеде функцијата претседател на ЕКА во 2021 година, кога Андреа Ањели, тогашниот прв човек на Јувентус, се повлече.
Ањели беше еден од главните двигатели на проектот Суперлига, но сите овие настани предизвикаа тој да го напушти бордот на Јувентус во ноември минатата година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













