
Српскиот фудбалер Немања Матиќ (35) на социјалната мрежа „Х“ напиша за српскиот фудбал и двата најголеми клуба.
„Српскиот фудбал е болен, заразен е со вируси наречени Црвена звезда и Партизан. Важно е дека има лек“, напиша поранешниот српски репрезентативец, а сега играч за врска на Рен.
Srpski fudbal je bolestan,zaražen je virusima koji se zovu Crvena Zvezda i Partizan!Bitno je da leka ima…
— Nemanja Matic (@NemanjaMatic) December 7, 2023
Матиќ е поранешен српски репрезентативец со 48 настапи и два гола за националниот тим.
Неговиот последен настап беше во 2019 година против Луксембург (3-1) во квалификациите за Европското првенство. Иако ја посетуваше фудбалската школа на Партизан, никогаш не играше за првиот тим, ниту за Црвена Звезда.
Српските медиуми пишуваат дека не го сметале за доволно талентиран, додека тој неодамна изјавил дека „само губел време во тие клубови, кои ништо не го научиле“.
Сениорската кариера ја започна во Колубара, а потоа замина во Кошице во Словачка. Во богатата кариера настапуваше за Челси, Витесе, Бенфика, Манчестер Јунајтед и Рома. Освои девет клупски трофеи.
Летово тој пристигна во Рен, Франција, каде неговиот договор е до летото 2025.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
