Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е најголемата желба на шкотскиот гигант Селтик во пресрет на зимскиот преоден рок. Според медиумите во Шкотска, раководството на Селтик е подготвено да го урне и клупскиот рекорд за најголем трансфер за да го доведе напаѓачот на Абердин.
Најголемата трансферна сума што ја има платено Селтик е онаа за Скот Браун на Хибернијан и изнесува 4,4 милиони фунти.
Селтик во јануари и февруари ќе остане без неколку фудбалери, па менаџерот Брендан Роџерс побара од раководството да доведат соодветни замени. Првата желба е токму Бојан Миовски како опција за нападот.
Селтик ќе остане без Киого, Маеда и Ох, кои ќе настапуваат на Азискиот куп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













