
Манчестер Сити и Тотенхем продолжија со голеада во Премиер – лигата и на „Итихад“, а гостите успеаја да останат непоразени играјќи 3-3. Сега „граѓаните“ имаат три ремија во низа и се наоѓаат на третата позиција на табелата со 30 бода, три помалку од Арсенал.
Хјонг – Мин Сон во шестата минута по еден одличен противнапад донесе водство за Тотенхем, но само три минути подоцна лошо реагираше во својот шеснаесетник и си постигна автогол.
Фил Фоден во 31.минута се погрижи за 2-1, но Ло Селсо во 69.минута израмни на 2-2.
Џек Грилиш повторно донесе предност за Сити од 3-2 со голот во 81.минута, но Дејан Кулушевски не дозволи Тотенхем да загуби, постигнувајќи израмнувачки гол во 90. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski