Шкупи се одлепи на врвот на табелата во Првата фудбалска лига откако ја совлада Македонија ЃП со 1-0 на Чаир. Стрелец на голот беше Марио Младеновски во 66.минута.
Тренерот на Шкупи, Младен Жижовиќ, е задоволен од триумфот и од залагањето на неговиот тим на тешкиот терен за игра.
„Тежок натпревар, како што очекувавме. Мислам дека момците максимално го искористија тоа со тоа што дадоа голема посветеност и да речеме квалитативна работа. Навистина сум горд на оваа група момци со работата што ја работат и придонесот што го даваат за овој клуб, со оглед на тоа низ што поминаа во последниот период. Се надевам дека ќе собереме сила и знаење за да останеме на врвот на табелата. Генерално, жалам за повредата што ја доби Нилтињо, но ќе ги чекаме лекарските прегледи, но се плашам дека го загубивме до крајот на сезоната. Но генерално другите работи се добри, честитки за момците и одиме понатаму“, изјави Жижовиќ.
Следниот натпревар Шкупи го игра в среда против Гостивар на гости.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













