
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја коментираше победата на неговиот тим од 0-1 против Брентфорд во натпреварот од 13. коло на Премиер – лигата. „Топчиите“ ги решија работите во своја полза со голот на Каи Хаверц во 89. минута.
„Кога имате можност да ги надминете вашите конкуренти, треба да ја искористите. Многу ме интересираше како ќе игра тимот, знаејќи дека Манчестер Сити и Ливерпул изгубија бодови. Освен тоа, секогаш е тешко да се игра како гостин кај Брентфорд. Ми се допадна како се бореше тимот во такви услови, како игравме, колку сакавме да победиме. Заслуживме да победиме! Сега сме на врвот на табелата. Ова е местото каде што сакаме да останеме“, изјави Артета.
Арсенал е на врвот на табелата во Премиер – лигата со 30 бода, еден повеќе од Манчестер Сити и два бода позитива во однос на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
