Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека ќе ја чека понудата за да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до последен можен момент. Изјавата на италијанскиот стручњак доаѓа како одговор на прашање за неговата иднина, за што во последно време исклучително многу се шпекулира.
Анчелоти има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и исклучително активно се поврзува со функцијата селектор на Бразил. Бразилските медиуми дури неодамна напишаа дека потпишал преддоговор со „Селесао“, но подоцна овие шпекулации беа демантирани.
„Горд сум што луѓето зборуваат за мене во Бразил, но во блиска иднина ќе се знае нешто повеќе. Го чекам Реал Мадрид до последен ден“, категоричен беше Италијанецот.
Тој неколку пати изјави дека принципиелно ќе остане во „кралскиот клуб“ сѐ додека Реал не сака поинаку и нема желба да го напушти Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













