Доколку турскиот Трабзонспор го прифати тоа што го сака Интер, играчот од средниот ред Дејви Класен најверојатно ќе ја напушти Италија веќе во јануарскиот преоден рок.
Како што пренесува „Тутоспорт“, турскиот тим покажал интерес за Холанѓанецот, а од Интер одговориле дека зделката е можна доколку пристигне понуда од 5.000.000 евра.
Класен летово пристигна во Интер како сериозно засилување, но не игра и досега на теренот мина само 73 минути.
Пред него во хиерархијата воспоставена од Симоне Инзаги се Хакан Чалханоглу, Николо Барела, Хенрик Мхитарјан, Давиде Фратези и Кристијан Аслани.
Класен сака да игра за да му се наметне на селекторот на Холандија, Роналд Куман, за настап на ЕП 2024 и најдобро решение за него е што поскоро да си замине од Интер. Тој би можел да стане нов соиграч на Енис Барди во Трабзонспор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













