Connect with us

Каи Хаверц го искачи Арсенал на врвот во Премиер – лигата (ВИДЕО)

Арсенал е лидер на табелата во Премиер – лигата. „Топчиите“ имаат 30 бода, еден повеќе од Манчестер Сити и два повеќе од Ливерпул откако славеа со 0-1 на гости против Брентфорд.

Долго се мачеше тимот на Микел Артета да пронајде начин да го разбие бункерот на Брентфорд, а тоа му успеа на Германецот Хаверц во 89.минута.

Букајо Сака одлично нафрли на вториот дирек, а Каи Хаверц со удар со глава ја затресе мрежата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови