Баер Леверкузен ја оствари и 11. победа во Бундес-лигата оваа сезона откако го совлада Вердер на гости со 0-3. Тимот на Чаби Алонсо сега повторно е на врвот на табелата со 34 бода, два повеќе од Баерн Минхен.
Деман си постигна автогол за водство на Баер Леверкузен, а потоа Фримпонг и Грималдо донесоа убедлив триумф.
Борусија Дортмунд губеше со 0-2 дома од Борусија Менхенгладах, но на крајот славеше со 4-2. Рејц и Коне го изненадија домаќинот, но Сабицер, Фулкруг и Беноа-Гитенс постигнаа три гола за пресврт уште на полувремето. Дониел Мален во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Волфсбург го победи Лајпциг со 2-1, а Фрајбург и Дармштат ремизираа 1-1. Идентичен беше резултатот и на дуелот меѓу Унин Берлин и Аугсбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













