
Искусниот италијански стручњак Валтер Мацари се врати во Наполи за време на репрезентативната пауза, каде го наследи разрешениот Руди Гарсија.
Актуелниот шампион на Италија не ја отвори добро сезоната во Серија А, има десет бода помалку од лидерот Интер и е само четврти на табелата со 21 бод, а Мацари ќе дебитира вечерва од 18 часот, кога „наполитанците“ гостуваат во Аталанта.
„Возбуден сум, ова е без сомнение најдобриот тим што некогаш сум го тренирал. Немам што да се жалам. Добро спијам и опуштен сум“, изјави Мацари.
Овој Наполи може многу, смета искусниот стратег.
„Минатата сезона Наполи создаде ремек-дело со Лучијано Спалети. Кога ќе видите таков тим, се надевате дека ќе го водите еден ден. Наполи е мојот втор дом и дојдов тука да ги решавам проблемите”, изјави Мацари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
