![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/02/klop-liverpul-9.jpg)
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште еднаш го посочи Манчестер Сити како најсилниот тим во светот во последните години, а натпреварот против „граѓаните“ како најтешка задача за која било друга екипа.
Според Германецот, „црвените“ може да ја прекинат серијата од 23 победи на Сити на стадионот „Итихад“ само доколку на тимот на Гвардиља му создадат непријатно чувство.
„Колку подолго трае серијата, толку е поголема веројатноста таа да заврши. Што и да се случи минатата година или дури и пред тоа, не е важно. Тоа е само спомен. Мора да бидеме подготвени за утре. Ако можеме да им направиме да се чувствуваат навистина непријатно, тогаш имаме шанса. Ако им е удобно во играта, нема тим што може да ги победи. Ако можеме да го промениме тоа, имаме шанса. Не се сеќавам каков беше нашиот состав минатата година кога гостувавме овде. Не сакам да правам споредби. Минатата сезона едноставно не бевме доволно добри“, изјави менаџерот на Ливерпул.
„Тоа ќе биде голем натпревар против најдобриот тим во светот во последните години. Ова е огромен предизвик за секој тим во светот, како и за нас. Не можам да кажам ништо што би ги направило послаби отколку што се. Не знам дали ривалството меѓу нас и Манчестер Сити е најголемото во Премиер – лигата, но знам дека со години тоа е најтешкиот натпревар што можете да го играте“, истакна Јирген Клоп.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/jovan-manev-rijeka-1-80x80.jpg)
Интернационалци
Јован Манев потпиша за Ријека
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/11/diogo-zota-liverpul-4-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Арсенал го купува Диого Жота од Ливерпул?
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1739270106458-80x80.jpg)