
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше со новинарите во пресрет на утрешното големо дерби со Ливерпул.
Шпанскиот стратег не пропушти да го пофали тимот на Јирген Клоп.
„Времето минува, јас играм против Ливерпул веќе осум години, не, тие не се истиот тим како на почетокот. Слични се, Трент Александер-Арнолд може да игра внатре во средниот ред, но идеите се слични. Отсекогаш ни биле најдобри ривали… Топ клуб, топ тим, со нетрпение го чекам овој натпревар“, изјави Гвардиола.
Тој вели дека ривалството меѓу двата клуба е специфично, не може да се спореди со „Ел Класико“.
„Не би рекол дека нашето ривалство со Ливерпул е такво како меѓу Барселона и Реал Мадрид, различно е и двата тима заслужуваат најголеми комплименти. Клоп ме прави подобар менаџер преку неговите тимови. Транзицијата, просторот што го создаваат од позадина, Дарвин Нуњес, Мохамед Салах. Тие имаат фантастичен тим, без сомнение“, истакна Гвардиола.
Шпанецот зборуваше и за состојбата на најголемата ѕвезда на тимот, Ерлинг Халанд.
„Тренираше со некои болки во четвртокот, но се надевам дека ќе биде дел од нашата последна сесија денес и дека утре ќе истрча на теренот“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
