Connect with us

Де Бјази го напушта кормилото на Азербејџан

Селекторот на фудбалската репрезентација на Азербејџан, Џовани де Бјази, ја напушти функцијата, соопшти прес-службата на Фудбалската федерација на оваа земја.


Раководството одлучи да не го продолжи договорот со 67-годишниот Италијанец. Де Бјази е селектор на репрезентацијата од 2020 година.


Пред тоа раководеше со репрезентацијата на Албанија, како и со клубовите Торино, Леванте, Удинезе и Алавес.


Азербејџан заврши на четвртото место во групата Ф од квалификациите за ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови