Првиот голман на Барселона, Марк-Андре Тер-Штеген, сѐ уште не тренира и е под голем знак прашалник за претстојното коло во Ла Лига.
Тој го напушти таборот на германската репрезентација поради болки во грбот, но сѐ уште не тренирал откако пристигна во Каталонија.
Каталонските медиуми шпекулираат дека сѐ поголеми се шансите Тер Штеген да не брани против Рајо Валјекано в сабота, а шанса да добие Игнаси Пења.
Тер-Штеген е капитен на Барселона и столб на одбраната, иако оваа сезона е на удар поради лошите игри, како онаа во Мајорка и против Гранада.
На натпреварот меѓу Шпанија и Грузија (3-1) тешка повреда на лигаментите на коленото заработи Гави и тој ќе отсуствува до крајот на сезоната, а ќе го пропушти и Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













