
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Англија на арената „Тодор Проески“ и со добар резултат го заокружи овој квалификациски циклус за ЕВРО 2024, во кој можеби можевме и повеќе, посебно во дуелите против Украина.
Синоќешниот спектакл пред 30.000 гледачи беше вистинско уживање и е ретка можност на стадионите во Македонија, а ФФМ им се заблагодари на навивачите за поддршката.
„Почитувани навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација,
Ви благодариме за поддршката.
Благодарност до нашите навивачи, нашата репрезентација, селекторот и стручниот штаб и сите вклучени во организацијата на натпреварот Македонија – Англија.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини пред натпреварот најави дека сите ќе имаат можност да видат каква е репрезентацијата на Македонија и какви се нашите навивачи.
Беше во право, тоа беше вечер со која сите можеме да се гордееме!
Горди сме што за мечот Македонија – Англија беше продадена и последната достапна влезница, што покажува дека Федерацијата правилно ја утврди цената на билетите.
Исклучително сме среќни што прекрасната фудбалска вечер помина без ниту еден сериозен инцидент. Ние тврдевме дека Македонија може да биде земја без расизам, национализам, дискриминација, вербално и физичко насилство на стадионот, а тоа го потврдивте со вашето однесување на Националната арена „Тодор Проески“.
Ви благодараме!
Колку им значат полните трибини, нашите репрезентативци покажаа со одличен настап и важен резултат, а во своите изјави ја истакнаа важноста на навивачите.
Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува на Министерството за внатрешни работи и на сите институции за сработеното пред, за време и по натпреварот. ФФМ доби максимална поддршка натпреварот да помине без безбедносни проблеми.
Благодариме на секој поединец што придонесе да биде таков.
До следниот натпревар.
Напред Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
