Нема крај на превирањата во еден од најславните клубови во Англија. Откако на Евертон му беа одземени дури десет бода поради прекршување на финансискиот фер-плеј, денеска стана јасно дека клубот од Ливерпул може да биде казнет со одземање на нови девет бодови од салдото на тимот.
Тоа ќе се случи доколку Лидс, Лестер и Барнли ги добијат судските спорови против Евертон, кои вредат вкупно 300 милиони фунти.
Раководствата на трите клуба се незадоволни од фактот што клубот не беше казнет веќе минатата сезона. Евертон славно се спаси од испаѓање од Премиер – лигата во последен можен момент.
Ако на клубот веќе му беа одземени бодовите во ланската сезона, денеска „краламелите“ речиси сигурно ќе беа во Чемпионшип и ќе се спасеше еден од Лидс и од Лестер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













