Кристијано Роналдо ја презеде медиумската компанија „Кофина Медиа“ за 57 милиони евра. Секој вработен во компанијата, која вклучува бројни списанија и водечката мрежа CMTV, доби бонус лично од Роналдо. Секој работник добил бонус чек од 1.250 евра.
„Вработените добија известување преку електронска пошта во врска со исплата на бонус. Тоа е знак на благодарност до сите кои се дел од оваа голема компанија“, пишуваат португалските медиуми.
Новинарите од „Кофина Медиа“ често имале задача да го следат приватниот живот на Роналдо, а тој ги тужел 11 пати. На крајот решил да ја купи целата компанија и да ги задржи сите вработени.
„Единствената промена е поврзана со името. Сега ќе се вика Expressao Livre. Засрамени сме од се што се случи, но никој не се плаши од губење на работното место. Знаеме дека често сме го малтретирале, со или без причина, но тој ја разбира нашата работа. Спортските новинари се посебно среќни. Секој што мисли дека Роналдо ќе отпушти некого, греши”, рекол еден од вработените.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













