
Најтрофејниот македонски клуб Вардар игра важен меч против Воска, стариот познаник од второлигашките денови, па навивачката група Комити се мобилизира за да им даде максимална поддршка на фудбалерите.
Со евентуален триумф, Вардар би го напуштил последното место на табелата.
Шампионот Струга ТЛ гостува во Струмица и ќе се сретне со Брера. Искусниот Бесарт Ибраими најавува дека стружани доаѓаат за да ги освојат трите бода.

„Се наоѓаме во многу добар моментум, особено по таа победа над Шкендија. Атмосферата во тимот е одлична, има многу позитивност во тимот, па се надевам дека тоа ќе продолжи и по мечот со АП Брера. Го респектираме противникот, но ако одиграме како на последниот меч, максимално посветено и со иста желба, верувам дека од Струмица ќе се вратиме со позитивен резултат“, изјави Бесарт Ибраими.
Гостивар поради поплавениот терен сега ќе биде домаќин во с.Речица на дуелот со Брегалница.
Шкендија сака да се врати во победнички ритам и се надева на триумф на домашен терен против Тиквеш.
Утре се играат преостанатите два натпревари од ова коло, Македонија ЃП – Работнички и Силекс – Шкупи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО (денеска, 13 часот)
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
БРЕРА – СТРУГА ТЛ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
(Утре 13 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
СИЛЕКС – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
