Connect with us

Луд натпревар во Билбао, домаќинот победи со пенал во 98.минута (ВИДЕО)

Атлетик Билбао оствари драматична победа над Селта (4-3) на домашен терен откако Аксел Беренгер постигна гол од пенал во 98.минута од мечот.

Голеадата во Билбао донесе голема возбуда. Првиот дел заврши 2-2, гостите двапати водеа со головите на Иаго Аспас и на Бамба, а домашинот израмнуваше преку Санцет, односно Гурузета.

Гурузета во 52.минута се погрижи за пресврт, но израмни повторно Ларсен во 66.минута, а шест минути подоцна Иаго Аспас не искористи пенал.

Во судиското продолжение, за разлика од напаѓачот на Селта, домашниот фудбалер Аксел Беренгер беше успешен реализатор на најстрогата казна и донесе важен триумф за Атлетик Билбао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови