Connect with us

Чави: Разочаравме во најнеповолен момент

Барселона имаше шанса рано да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но загуби со 1-0 од Шахтјор Доњецк во Хамбург. По натпреварот, тренерот Чави Хернандез призна дека тимот останал далеку од посакуваното ниво и мора да изгледа сосема поинаку во следните натпревари.


„Не одигравме добро. Му дозволивме на противникот да создава шанси пред нашиот гол. Шахтјор се бранеше цврсто и умешно го направи преминот од одбрана во напад. Не можеме да си дозволиме да се опуштиме. Одигравме два последовни слаби натпревари. Заслужено загубивме. Кога ќе ги подобриме перформансите, тогаш ќе ни се врати и самодовербата“, изјави Чави.

„Во последните две години не можевме да ја минеме групната фаза од Лигата на шампионите и сега можевме да го прекинеме чекањето. Загубивме во најнеповолниот момент. Барањата во Барселона се големи. Немавме право на сопнување на овој натпревар, но токму тоа се случи“, продолжи со критички тон тренерот на Каталонците.

„Лигата на шампионите бара настап на највисоко ниво. Не успеавме да го покажеме максимумот од нашите можности. Лути сме затоа што не го добивме тоа што го сакавме. Дефинитивно не успеавме. Имам многу работа пред мене на тренинзите. Не сме концентрирани, не притискаме доволно агресивно. Сега не е време да го губиме тлото под нашите нозе“, додаде Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови