
Поразот од Челзи (1-4) беше прв за Тотенхем од почетокот на сезоната во Премиер – лигата. Тимот го заврши натпреварот со деветмина играчи и не успеа да се вратат на врвот на табелата, но менаџерот на тимот Анге Постекоглу ги пофали играчите за нивниот карактер.
„Тешко е да се прифати таков натпревар. Разочаран сум од резултатот, но горд на играчите. Дадоа сѐ од себе и тоа е многу позитивно. Бевме блиску до израмнување во неколку наврати, што доволно кажува за нашата волја“, изјави Постекоглу.
„Добро го започнавме натпреварот, постигнавме убав гол и бевме неколку сантиметри од вториот. Првиот црвен картон го смени текот на натпреварот. Судиите внимателно ја разгледаа ситуацијата, па морам да ја прифатам нивната одлука. Неколку пати само стоев и чекав што ќе одредат судиите“, продолжи Австралиецот.
„Не ми се допаѓа тоа што во модерниот фудбал секоја контроверзна епизода е подложена на речиси форензичко вештачење. Можеби некои ги одобруваат овие паузи, но јас би сакал да играме повеќе фудбал, изјави Постекоглу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
