Connect with us

Капитенот облече гумени чизми и помага во чистењето на Фиренца

Кристијано Бираги синоќа како капитен ја предводеше Фиорентина во последниот натпревар од 11. коло на италијанското фудбалско првенство. Неговиот тим беше поразен на домашен терен од Јувентус со 0-1, а решавачкиот гол беше дело на Фабио Мирети во 10. минута од натпреварот.


Бираги утрото по поразот реши да им помогне на своите сограѓани кои веќе извесно време се борат со поплавите и штетите од нив. Капитенот облече гумени чизми и излезе на улица за да помогне во чистењето на ѓубрето што им го донеле поплавите.

За потсетување, повеќе од 36.000 луѓе беа раселени поради поплавите во регионот Емилија-Ромања, во кои загинаа 14 лица, а беа предизвикани стотици свлечишта и голема штета. Многу домаќинства сѐ уште се без струја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови