
Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, е повреден и нема да биде достапен за натпреварот од Лигата на шампионите против Брага в среда. Англичанецот го изместил рамото и има болки.
Поради оваа причина, Карло Анчелоти речиси сигурно ќе го одмори на претстојниот дуел од ЛШ, препорачана е пауза од една седмица.
Белингам ја заработи повредата на натпреварот против Рајо Валјекано, но, сепак успеа да го заврши натпреварот. Првично се стравуваше од посериозна повреда, но лекарските служби на Реал Мадрид на теренот потврдија дека рамото на играчот не е изместено.
20-годишниот Белингам беше феноменален за Реал Мадрид од неговото доаѓање од Борусија Дортмунд, постигнувајќи 13 голови на 14 натпревари. Пред неколку дена ја доби и наградата „Копа“ за најдобар млад фудбалер во светот до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
