
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски синоќа имаше импресивен настап на „Сантијаго Бернабеу“ против големиот Реал Мадрид. Тој успеа да ја сочува својата мрежа, а Рајо Валјекано е првиот тим оваа сезона кој успеа да си замине непоразен од домот на „кралевите“.
Тој имаше фантастични одбрани против Феде Валверде, Винисиус Жуниор, Родриго, Белингам, а во текот на мечот имаше и една жестока кавга со Бразилецот Вини Жуниор.
Во една акција пред голот на Рајо, тие двајца се судрија, по што Димитриевски остана да лежи на земјата. Винисиус Жуниор реагираше мислејќи дека Македонецот сака да задржува од времето за игра.
По мечот, Димитриевски ја коментираше таа случка.
„Винисиус е одличен играч. Тоа се нормални ситуации кога се игра тензично. Нормално е да има нервоза, како онаа меѓу Белингам и Пат Сис. Тоа е дел од играта. Не треба да му се дава големо значење“, изјави Столе Димитриевски кој беше избран и за МВП на мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
