Connect with us

Чурлинов и Дориев во голгетерска форма

Македонските репрезентативци Дарко Чурлинов и Љупчо Дориев беа стрелци за своите екипи на натпреварите на кои настапија овој викенд. Чурлинов и натаму настапува за вториот тим на Барнли, кој играше против Шефилд Јунајтед, а токму Македонецот беше стрелец на единствениот гол за триумф од 1-0.

Чурлинов погоди во 89.минута од мечот.

Дориев исто така беше единствен стрелец за Согдиана во триумфот од 1-0 на мечот против Буксоро. Тој погоди во 67.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови