
Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид, е подготвен да склучи договор со Челси за потпис на голманот Кепа Аризабалага на трајна основа помалку од три месеци откако го зема на позајмица. Сепак, „кралевите“ нема да платат повеќе од 17,5 милиони фунти за дефанзивецот, кој пред пет години ги чинеше „сините“ рекордни 71,6 милиони фунти.
29-годишниот Кепа се врати во својата татковина за да го замени повредениот поранешен голман на Челси, Тибо Куртоа на „Сантијаго Бернабеу“. Самиот Аризабалага исто така не ја крие желбата трајно да ги напушти лондончани. И тој е подготвен да ја намали својата плата од 176.000 фунти неделно за да го реализира трансферот.
Договорот на Кепа Аризабалага со клубот од „Стемфорд Бриџ“ е до летото 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
