Еден од најкоментираните играчи на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ги сподели своите очекувања за претстојната пресметка меѓу „црвените ѓаволи“ и градскиот ривал Манчестер Сити.
Мегваер верува дека тимот од „Олд Трафорд“ е во подобра форма и дека ќе победи.
„Победивме три по ред. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Знаеме дека ќе има одлична атмосфера на стадионот и нашите навивачи ќе нѐ поддржат како и секогаш.Сакаме да прикажеме добра игра и да извлечеме поволен резултат. Манчестер Сити има силен состав и одличен тренер, знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Мора да се фокусираме на себе и да ја покажеме нашата најдобра игра. Се надевам дека Манчестер ќе биде црвен во недела“, изјави Мегваер.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се игра утре, со почеток во 16.30 часот на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal