Капитенот на Лас Палмас, Џонатан Виера (34), одлучи да стави крај на фудбалската кариера. За тоа јавноста ja извести преку социјалните мрежи.
Виера без објаснување го пропушти последниот натпревар против Рајо Ваљекано, а сега самиот ги соопшти деталите. Неговата кариера е во мирување поради болеста на сопругата.
Сопругата на Џонатан, Естефанија, има тумор на матката и Виера одлучи да биде со неа.
„Секогаш вака со насмевка. Тоа е нашето најдобро оружје. Те сакам“, објави тој на фотографијата со сопругата.
Виеира, кој забележа еден настап за шпанската репрезентација, кариерата ја започна во Лас Палмас. Подоцна играше за Валенсија, Рајо, Стандард Лиеж и Пекинг Гуан, од каде пред две години се врати во Лас Палмас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













