Њукасл се закани со милионска тужба против Милан поради претстојната казна на Сандро Тонали, тврди „Кориеде дело Спорт“. Се очекува официјално италијанскиот интернационалец да биде казнет во врска со обложувачкиот скандал што избувна во италијанскиот фудбал во последните недели.
Тонали веќе призна дека ставал нелегални облози и на натпреварите на Бреша и на Милан за време на неговиот престој во секој од тие клубови. Тој и неговите адвокати веќе неколку дена преговараат за договор со обвинителството, при што се очекува да одлежи 10 до 12 месеци забрана за играње фудбал.
Токму поради оваа причина, раководството на „чавките“ со својот правен тим ја разгледува можноста да поднесат тужба против Милан, бидејќи според сопствените пресметки ќе бидат оштетени со сериозни суми. Тонали беше донесен на „Сент Џејмс Парк“ летото за 70 милиони евра од Милан, но сега изгледите се дека тој нема да може да биде користен повеќе од една година.
Сепак, англискиот клуб ќе мора да ги докаже сомнежите дека Милан бил свесен за проблемот, што нема да биде лесна задача.
Њукасл речиси сигурно ќе ја замрзне платата на Сандро Тонали додека трае забраната. Во моментов добива по околу 8 милиони евра. Ова е сосема спротивно на одлуката на Јувентус за случајот Николо Фаџоли.
„Старата дама“ реши да му плати на играчот и тој да продолжи да тренира со првиот тим додека ја одлежи казната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal