
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, призна дека неговиот тим не го покажа најдоброто од себе на натпреварот против Галатасарај. Баварците победија со 1-3 во Истанбул и се лидери во групата А од Лигата на шампионите со вкупно девет бодови.
„Дали нашата победа е заслужена? Вистината е дека треба да бидеме задоволни што на полувремето не заостанувавме резултатски. Сепак, ако ја погледнеме нашата игра во вториот дел, нашиот успех е природен“, изјави Тухел.
„Во Лигата на шампионите никогаш не е лесно да се победи на гостински терен. Некогаш само треба да се најде начин да се дојде до трите бода, дури и ако играта не функционира“, потенцира тренерот на германскиот клуб.
„Горд сум што го водам овој тим. 37 натпревари без пораз и 16 последовни победи во групите од Лигата на шампионите е неверојатно достигнување. Важно е играчите секогаш да бидат мотивирани и да ги демонстрираат своите квалитети“, додаде Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
