Играчот за врска на Барселона, Педри, сепак нема да биде подготвен за дербито со Реал Мадрид.
Каталонските медиуми открија дека Педри не добил зелено светло од докторскиот тим за враќање против Шахтјор во Лигата на шампионите, што е предуслов за да игра против Реал Мадрид в сабота.
Шпанецот е повреден речиси два месеци, неговото отсуство многу се чувствува и за жал на Чави, Педри нема да биде подготвен за првото сезонско „Ел Класико“.
Се очекува повторно да игра тандемот Гундоган – Гави во средниот ред, со оглед дека Де Јонг исто така е повреден и Холанѓанецот нема да се врати на терените до првата недела од ноември.
Чави се надева дека Роберт Левандовски и Рафиња би можеле да добијат зелено светло пред „Ел Класико“, а засега со сигурност се знае дека нема да бидат подготвени ниту Жул Кунде, ниту Серхи Роберто.
В среда Барселона прво го пречекува Шахтјор од 18:45 часот, а потоа Реал в сабота од 16:15 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













