Само два месеци откако во трансфер вреден половина милијарда евра од ПСЖ се пресели во саудискиот Ал-Хилал и по враќањето од една од многуте повреди, Нејмар тешко се повреди. На натпреварот меѓу Уругвај и Бразил (2-0) во квалификациите за СП 2026 година, тој се повреди при дуел со противнички фудбалер. Во истиот момент, почна да плаче и гестикулираше во агонија.
Neymar stretchered off in tears after an injury nearing halftime of Uruguay-Brazil.
— Nico Cantor (@Nicocantor1) October 18, 2023
This was the play that took Neymar out.
He was later seen hobbling to the locker room helped by someone. pic.twitter.com/iHmSHR4gUb
Беше јасно дека Нејмар не може да продолжи. Го однесоа од теренот на носилки.
Првите извештаи велат дека е очигледно дека претрпел ротација на коленото и поместување на тибијата. Но, постои сомневање за сериозна повреда на вкрстените лигаменти на коленото на левата нога и менискусот.
Операцијата се чини дека е неизбежна. Доколку тоа се случи, Нејмар го чека пауза од шест до девет месеци. Тоа значи дека за него сезоната е завршена, но и дека ќе ја пропушти Копа Америка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal