Македонскиот младински репрезентативец Јани Атанасов беше стрелец на погодок за Хајдук Сплит на дуелот против Горица. Тој погоди во 24.минута од мечот израмнувајќи во тој момент на 1-1, но на крајот сплитските „били“ загубија на „Пољуд“ од Горица со 2-4.
Диеје ги донесе гостите во водство, Јани Атанасов израмни, но потоа следеа два пенали за Горица кои во ново водство ги претвори Кристијан Ловриќ. Вториот гол за Хајдук беше дело на Димитриос Диамантакос, а конечниот резултат го постави Насиру Моро во 89.минута од мечот.
Хајдук Сплит се наоѓа на петтата позиција во првенството на Хрватска со 17 освоени бода, а Горица е третопласирана со 29 бода.
Фото: HNK Hajduk Split
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













