Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е избран за најдобар фудбалер во хрватското првенство во изборот на капитените на тимовите од Првата лига. Адеми доби убедливо најмногу гласови (66 бода), дури 20 повеќе од второпласираниот Мијо Цакташ, фудбалер на Хајдук Сплит. Овој избор е традиционален во организација на „tportal.hr“, а во минатото признанието го добивале и Лука Модриќ, Марио Манџукиќ, Нико Крањчар, Едуардо да Силва…
Аријан Адеми имаше фантастична 2020 година. Тој со фудбалската репрезентација на Македонија оствари историски пласман на Европското првенство, а со Динамо Загреб освои трофеи и се пласира во нокаут фазата од Лигата на Европа. Исто така доби и принова во семејството.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













