Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски до крајот на 2020 година треба и официјално да стави потпис на нов договор со Лидс Јунајтед. Раководството на клубот сака да го задржи Алиоски и во наредните четири години на „Иланд Роуд“.
Според англиските медиуми, Лидс Јунајтед на Алиоски му доставил понуда за четиригодишна соработка со неделна плата од 30.000 фунти. Тоа значи дека Џани на годишно ниво ќе заработува околу 1,5 милиони фунти.
Актуелниот договор на Алиоски истекува по завршувањето на сезоната, па затоа Лидс Јунајтед сака навреме да ја продолжи соработката со Езгјан Алиоски. Тој јавно истакна дека има желба да остане во Лидс Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













