Најдобриот македонски фудбалер на 20. век, Дарко Панчев, е единствениот кој се најде на листата на УЕФА за најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите. Популарниот „Кобра“ има постигнато 11 гола и се наоѓа во друштво на Андрес Иниеста, Маркус Рашфорд, Улф Кирстен, Матеја Кежман…Најдобар стрелец во ЛШ е Кристијано Роналдо со 135 гола, пред Лионел Меси со 118.
Вардар е најдоброрангираниот македонски клуб на вечната листа на УЕФА што се однесува до настапите во квалификациите за ЛШ. Најтрофејниот наш клуб на кој во моментот му се заканува паѓање во бездна, е рангиран на 149. позиција. Работнички се наоѓа на 188. место, а Шкендија е рангирана на 258. место.
Следуваат Силекс (351), Победа (389), Македонија ЃП (480), Ренова (489)…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













