Македонскиот репрезентатиец Езгјан Алиоски на најдобар можен начин ја заокружи 2020 година во која со Македонија обезбеди учество на Европското првенство, а со Лидс Јунајтед заигра во Премиер – лигата. На синоќешниот меч против Вест Бромвич Албион на гости, Лидс Јунајтед славеше со убедливи 0-5, а Алиоски беше стрелец на прекрасен гол.
„Среќни сме за триумфот. Убав начин за заокружување на оваа 2020 година. Лично, сакам да учам од мојот тренер и се трудам да ја искористам секоја шанса што ја добивам. Знам дека морам да подобрам многу работи во одбраната. Знам и дека во нападот сме многу силни, можам и јас многу поквалитетно да учествувам затоа што сум крило. Играме атрактивен фудбал и напаѓаме, во таков случај головите доаѓаат многу полесно. Сакавме да ги освоиме трите бода и да ја завршиме годината со победа“, изјави Езгјан Алиоски.
По 16 одиграни кола Лидс Јунајтед се наоѓа на 11. позиција на табелата во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













