Connect with us

Наполи му нуди 30 милиони евра и тригодишен договор на Антонио Конте

Антонио Конте е без работа од крајот на март кога доби отказ од Тотенхем, а оттогаш италијанскиот тренер се поврзува со многу европски клубови.


Конте моментално е во Италија, поточно во Торино каде ќе присуствува на прославата на семејството Ањели, па тоа беше можност италијанските медиуми да објават интересна информација.


Тие тврдат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, покажал интерес за потписот на поранешниот тренер на Јувентус, Интер и Челси по лошиот почеток на сезоната во Серија А.
Избраниците на Руди Гарсија се на петтото место во Серија А, имаше знаци дека Де Лаурентис го изгубил трпението со францускиот стручњак и дека конечно би можел да го доведе Конте кој го посакуваше кога заминуваше од Јувентус и Челси.


Наводно, на маса има многу богата понуда – тригодишен договор вреден 10.000.000 евра по сезона, што Наполи претходно му го понудил и на Луис Енрике, кој го одбил Де Лаурентис.


Судбината на Руди Гарсија ќе биде решена по натпреварите со Верона и со Милан, меѓу кои „наполитанците“ ќе играат во Лигата на шампионите со Унион Берлин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови