Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не беше задоволен од играта на неговиот тим во поразот од Вулверхемптон со 2-1. Поразот беше втор за „граѓаните“ оваа недела, откако тимот беше елиминиран од Карабао купот (0-1) против Њукасл.
„Имаа десет играчи кои одлично се надополнуваа. Бевме подготвени за тоа, но не се браневме како што треба во некои ситуации. Доминираа во ситуациите еден на еден, што не е добро, требаше да играме подобро. Дури и кога победуваме, мора да бидеме подобри. Родри е важен играч за нас, а не можевме да сметаме на него. Ковачиќ се снајде добро, тој е одличен играч, но првпат игра на оваа позиција. Кога победуваме, победуваме заедно, исто е и кога губиме. Не се претставивме најдобро и одиме понатаму“, изјави Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити и понатаму е на врвот во Премиер-лигата, со бод предност во однос на Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













