Connect with us

Вардар на гости во Штип, Работнички го пречекува Тиквеш

Најтрофејниот македонски клуб Вардар е на дното на прволигашката табела и се наоѓа во незавидна ситуација, а денеска (14 часот) го очекува „жешко“ гостување во Штип и дуел со Брегалница. Штипскиот тим исто така не е во најдобар ритам, па тренерот Горан Здравков се надева дека денешниот дуел би можел да биде пресвртница.

„Јасно е дека не чека тежок меч, но максимално ќе се стремиме на победа. Знам дека сите кои ќе истрчаат на терен ќе го дадат максимимот и се надевам дека ќе ги задоволиме нашите навивачи. Се надевам дека ќе ја прекинеме таа негативна низа од три порази во серија. Мислам дека овие променливи игри се резултат на таа невоиграност во тимот кој има дванаесет нови фудбалери. Натпреварите ги загубивме заради индивидуални грешки или пад на концентрација, но уверен сум дека ќе се поправиме“, вели тренерот на Брегалница, Горан Здравков, во пресрет на мечот против Вардар.

Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде домаќин на Тиквеш. Левиот бек Дин Аломеровиќ ја сподели решеноста на „романтичарите“ да дојдат до трите бода.

„Го респектираме Тиквеш, тие покажаа дека се одличен тим, но и ние веруваме во своите квалитети и размислуваме за победа. Ако го дадеме максимумот и ги исполниме тактичките замисли на шефот Милан Илиевски, верувам дека можеме да ги освоиме трите бода. Нема да биде лесно, но ние сме максимално мотивирани за успех“, вели Аломеровиќ.

Шкупи на Чаир го пречекува шампионот Струга Трим Лум, а Гостивар ќе биде домаќин на Шкендија. Во Кратово се среќаваат Силекс и Воска.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО (14 часот)

ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР

ШКУПИ – СТРУГА

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

СИЛЕКС – ВОСКА

ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕРА 1-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови