
Тотенхем го победи Ливерпул со 2-1 и со 17 бода се искачи на втората позиција на табелата во Премиер-лигата, само со бод заостанување во однос на лидерот Манчестер Сити. Во драматичен натпревар во Лондон, Жоел Матип си постигна несреќен автогол во судиското продолжение и му донесе триумф на Тотенхем.
Ливерпул на овој меч играше со деветмина на теренот во решавачкиот период од мечот.
Тотенхем поведе со голот на Сон во 36.минута, а десет минути претходно Куртис Џонс заработи црвен картон за Ливерпул.
Сепак, и со играч помалку Ливерпул израмни преку Коди Гакпо во последните мигови од првото полувреме.
Во вториот дел, Диого Жота беше исклучен поради два жолти картони во 69.минута, а на крајот и Матип си даде автогол за да го заокружи несреќниот меч за „црвените“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski