
Англискиот првак Манчестер Сити доживеа пораз од 2-1 на гостувањето кај Вулверхемптон. Тоа е прв пораз за тимот на Пеп Гвардиола во Премиер-лигата оваа сезона.
Дијаз си постигна автогол во водство на „волците“, а израмни Хулијан Алварез во 58.минута. Сепак, Вулверхемптон дојде до триумф со голот на Хванг Хи-Чан во 66.минута.
Кристал Палас го изненади Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и славеше со 0-1. Јоаким Андерсен беше стрелец на победничкиот гол за гостите во 25.минута.
Арсенал немаше проблеми на гостувањето кај Борнмут и победи со 0-4. Букајо Сака го отвори резултатот, а потоа од пенали реализираа Одегард и Хаверц. Бен Вајт стави точка на триумфот.
Њукасл го победи Барнли со 2-0, со головите на Алмирон и на Исак, а со идентичен резултат и Вест Хем славеше против Шефилд Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
