
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Мика Ричардс, откри интересен факт за најчудната повреда што ја добил во текот на кариерата. Тој се повредил при егзибиции во сексот.
Екс репрезентативецот на Англија беше гостин на подкастот „Останатото од фудбалот“ чии домаќини беа легендите Гери Линекер и Алан Ширер.
„Имам еден случај, но тој е прилично сексуален, не е баш за овој подкаст“, започна Ричардс, пред да биде охрабрен да ја раскаже приказната.
„Не можам да навлегувам во детали, но да, се забавував. Станав од кревет, ја испружив ногата и ја истегнав тетивата. На следниот тренинг физиотерапевтот ме праша што сум направил, а јас едноставно реков…имам мала болка во грбот, тоа го почувствував на натпреварот, но навистина не сакав да ја откријам причината“, истакна Мика Ричардс, кој ја заврши кариерата во 2019 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево
