Столчето на тренерот на Наполи, Руди Гарсија, почна да се тресе по несигурниот старт на новата сезона за италијанскиот шампион. „Партенопеите“ во моментов го заземаат седмото место во Серија А со 8 бода и имаат негатива од дури седум бода за лидерот Интер, откако забележаа само две победи во првите пет кола од сезоната.
Според „Газета дело спорт“, претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис очекува дека Гарсија ќе успее да ги стабилизира резултатите на тимот во следните четири натпревари, кои се против Удинезе, Лече и Фиорентина во првенството, како и против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Доколку тоа не се случи, можна е тренерска смена за време на репрезентативната пауза во октомври. Засега Наполи не разгледувал опции за нов тренер, но се споменуваат имињата на Игор Тудор и Кристоф Галтие, кои во минатата сезона ги предводеа Олимпик Марсеј, односно Пари Сен Жермен, а сега се слободни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













