Актуелниот шампион Струга Трим Лум утре го пречекува Работнички во дуел од осмото коло во Првата фудбалска лига.
Еден од адутите на стружани сигурно е Буњамин Шабани, кој вели дека шампионот има максимален респект за Работнички, но се надева дека неговиот тим ќе ги освои бодовите.
„Победата во Штип беше важна, по натпреварите во Европа беше многу важно да се фокусираме на првенството. Сега се надеваме дека во Струга ќе ја продолжиме серијата победи иако знаеме дека нема да биде лесно против тим како Работнички. Имаат квалитетен состав, но ветуваме дека ќе го дадеме максимумот и на овој натпревар и на следните натпревари, за да дојдеме до максималниот број бодови и повторно да се бориме за шампионската титула“ , изјави Буњамин Шабани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













