
Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски е нов тренер на кипарскиот прволигаш Олимпијакос Никозија. Тој ќе го преземе кормилото од Леонидас Воколос кој замина од клубот поради слабите резултати во изминатиот период.
Како што информираат од Олимпијакос Никозија, Чедомир Јаневски по пристигнувањето на Кипар е во задолжителен карантин и поради тоа нема да го води тимот на следните два натпревари, против Омонија и против Неа Саламина.
Јаневски во сезоната 2019/20 го предводеше тимот на Енозис, а во минатото на Кипар има работено и во Етникос Ахна.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement