
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е блиску до трансфер во Олимпијакос, пишуваат грчките медиуми. Ова откако португалскиот клуб Спортинг Лисабон се сложил десниот бек да замине на позајмица до крајот на сезоната, а дури потоа да се преговара за перманентен трансфер на македонскиот интернационалец.
Претходно, раководството на Спортинг Лисабон инсистираше на реализација на комплетен трансфер за Стефан Ристовски во зимскиот преоден рок и одреди отштета од 2,5 милиони евра.
Стефан Ристовски веќе неколку месеци тренира со Б-тимот на Спортинг Лисабон и не игра натпревари откако тренерот Рубен Аморим му порача дека треба да си побара друга средина, а фудбалерот одби да го напушти Спортинг Лисабон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal