
Македонскиот репрезентативец се врати со гол во првиот старт во дресот на Леванте по паузата од два и пол месеци поради повредата на ’рбетот. Статистичарите во Шпанија потенцираа дека минаа цели 842 дена без гол на Барди од слободен удар, последниот го постигна на 7 октомври 2018 година, на гостувањето против Хетафе.
Барди го послуша тренерот Пако Лопез и не погреши.
„Поздравот при прославата на голот беше за стручниот штаб. Пред натпреварот добив совети да шутирам ниско, под живиот ѕид, затоа што фудбалерите на Валјадолид речиси секогаш скокаат при ударот“, изјави Барди.
Претстојниот викенд Барди и соиграчите ќе патуваат за Мадрид и ќе имаат дуел во Ла Лига со „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal