
Македонскиот прволигаш Гостивар одлучи да направи промени по последниот пораз на тимот од Македонија ЃП (3-0). Тренерот Мурат Дабан заминува од клубот, исто како и досегашниот спортски директор Абдула Егилмез. Тие го плаќаат данокот на лошите резултати што го има тимот во досегашните седум првенствени кола.
Гостивар има шест порази, а единствено победи против Работнички на домашен терен.
На утрешниот куп-натпревар против Беласица, во улога на играч и тренер ќе биде турскиот интернационалец Алпер Потук, а најавите од Гостивар се дека клубот во најбрз рок ќе именува нов шеф на стручниот штаб, најверојатно од странство. Останатите членови на стручниот штаб остануваат дел од клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
